Јувентус синоќа стигна до победа против Милан со голот на Дибала во 77-та минута од мечот.
Јувентус не играше добро, не успеваше да создаде шанси, но на крајот сепак ги освои трите бода, а Миралем Пјаниќ вели дека тоа не е случајно.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ова за Босанецот беше 150-ти натпревар откако стигна во Јувентус на лето во 2016 година. Никој до сега во ростерот на Јувентус нема одиграно толку натпревари во последните три години.
Пјаниќ после победата сподели нов пост на Инстаграм и изјави дека Јувентус едноставно има менталитет како да дојде до победа и покрај тоа што не пружа партии какви што се очекуваат од него.
„Да знаете да победите во финишот никогаш не е случајно, тоа е одраз на квалитетот на тимот. Мило ми е што го носам овој дрес по 150. пат во својата кариера во Јувентус“.