Дома Фото Пујол го “уништи“ играчот на Севиља по натпреварот: Ја сподели неговата објава и му посака добра ноќ

Пујол го “уништи“ играчот на Севиља по натпреварот: Ја сподели неговата објава и му посака добра ноќ

Барселона после продолженијата ја совлада Севиља со 3:0 и се пласира во финалето на Кралскиот Куп.

Каталонците во одличен натпревар го постигнаа вториот погодок во финишот на натпреварот, а потоа во продолженијата постигнаа и трет за пласман во финалето.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


После натпреварот легендата на Барса, Карлес Пујол на Твитер реагираше на објавата на играчот на Севиља, Сусо од 11. февруари.

Играчот на тимот од Андалузија тогаш го провоцираше младиот Педри кој сметаше дека имало пенал во дуелот помеѓу Сусо и Алба.

Пујол му го сподели статусот и само напиша „Добра ноќ“.

Потоа даде коментар зошто тоа го направил:

„Мора да ги почитувате колегите и да знаете да поднесете пораз. Педри не го заслужи тоа што тој го направи. Во фудбалот се’ се враќа.“ – порача Пујол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фото

Проверете

На познат словенечки фудбалер му се заканува затворска казна од пет години

На познатиот словенечки фудбалер Тим Матавж (35) му се заканува петгодишна затворска казна…