Дома Останати Путин го возвраќа ударот во спортот: Русија ќе формира нови натпреварувања

Путин го возвраќа ударот во спортот: Русија ќе формира нови натпреварувања

Рускиот спорт во последните денови претрпе сериозни удари поради инвазијата на оваа земја во Украина.

Практично сите репрезентации од сите натпреварувања им се исфрлени, а спортистите во индивидуалните спортови не можат да се натпреваруваат под руско знаме. Секако најголем удар за Русија е исфрлувањето од УЕФА и ФИФА. Поради тоа репрезентацијата нема да го игра баражот за Мундијалот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Жесток удар претрпе и Белорусија чиј тимови и репрезентации ќе мораат меѓународните натпревари да ги играат на неутрален терен и тоа без присуство на публика. Потоа беа исфрлени и од Зимските Олимписки Игри во Пекинг, сега Путин одлучил да го возврати ударот.

Руските медиуми денес пишуваат дека во Сочи ќе се организира посебно натпреварување исклучиво за белоруски и руски натпреварувања.

„Натпреварувања на кои ќе учествуваат само руски и белоруски спортисти ќе се одржат на олимписките објекти во Сочи. Се разговара за датуми и имињата на новите натпреварувања“.

Меѓународниот параолимписки одбор првобитно донесе одлука дека руските натпреварувачи ќе можат да настапуваат под друго знаме, но подоцна беше одлучено да бидат исфрлени од натпреварувањето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Тага во регионот: Почина млада спортистка и репрезентативка на само 17 години

Зана Албиновиќ, член на кик бокс клубот Спартак од Бреза и репрезентативка на Босна и Херц…