Манчестер Јунајтес се вклучи во трката за крилниот фудбалер на Челзи, Кристиан Пулишиќ, тврдат медиумите на Островот.
23-годишниот офанзивен фудбалер не беше стартер кај Тухел, а ситуацијата не се промени и со новиот менаџер, па не е задоволен од својата улога во тимот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тоа Пулишиќ сака да ја промени средината во зимскиот преоден рок, а интерес за него покажуваат неколку клубови ширум Европа.
Сега во трката за неговиот потпис се вклучи и Манчестер Јунајтед, кој е во потрага по офанзивен фудбалер. Челзи е спремен да го пушти во големиот ривал, а за неговата слобода бара 40 милиони евра.