Офанзивниот фудбалер на Челзи, Кристиан Пулишиќ готово сигурно на лето ќе го напушти клубот.
24-годишниот Пулишиќ не е задоволен од својот статус во Челзи и малата минутажа која ја добива, па сака да ја промени средината.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Американецот влегува во последната година од договорот, па „сините“ се спремни да го пуштат за сума од околу 20 милиони евра.
Интерес за Пулишиќ покажуваат италијанските гиганти Милан и Јувентус, како и Њукасл.
Њукасл е во предност бидејќи има поголема финансиска моќ, а играњето во Лигата на шампиони може да биде пресудно за неговата одлука.