Пари Сент Жермен покажува сериозен интерес за играчот за врска на Наполи, Алан, пренесуваат италијанските медиуми.
Договорот на бразилскиот играч за врска со Наполи истекува во 2023 година, а италијанскиот клуб за неговата слобода бара 80 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред неколку дена италијанските медиуми пренесоа дека Наполи веќе одбил понуда од ПСЖ тешка 50 милиони евра и не планира да го пушти фудбалерот доколку не ја добие бараната сума.
„Светците“ се во потрага по квалитетен играч за врска кој ќе може да го замени Рабио, па последните информации се дека се спремни да платат 80 милиони евра за Алан.
Il #PSG non molla #Allan, ma la richiesta del #Napoli fa paura: 100 milioni! https://t.co/NbS6lNb5hN pic.twitter.com/X0l5IEbl7O
— calciomercato.com (@cmdotcom) January 10, 2019