Пари Сент Жермен на крајот на сезоната најверојатно ќе остане без Килијан Мбапе, кој ќе го напушти клубот како слободен агент.
ПСЖ веќе ја започна потрагата по негова замена, а прв на листата желби е ѕвездата на Баерн Минхен, Лерој Сане.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сане има договор со 2025 година и на лето ќе влезе во последната година од договорот, па Баерн е спремен да слушне понуди.
Оваа сезона 28-годишниот Сане одигра 25 натпревари за Баерн во сите натпреварувања, постигна девет гола и запиша 11 асистенции.
Сане и самиот е спремен да ја промени средината, па поради тоа одолговлекува со потпишување на нов договор со Баварците.