Дома Топ вести ПСЖ фаворит за потписот на Донарума

ПСЖ фаворит за потписот на Донарума

Веќе е јасно дека Џанлуиџи Донарума заминува од Милан како слободен агент, а сега почнаа шпекулациите околу неговата иднина.

Милан не сакаше да му даде на Раиола провизија од 20 милиони евра и плата од 10 милиони евра по сезона на Донарума.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Тоа се барањата на Раиола од сите заинтересирани клубови, а јасно е дека само неколку клуба можат да си го дозволат тоа.

Иако се шпекулираше дека Џиџо ќе се пресели во Јувентус, сепак медиумите на Апенините тврдат дека мали се шансите за тоа. „Бјанконерите“ го имаат Шчешни кој заработува 7 милиони евра годишно и во моментов нема заинтересирани клубови за него.

Поради тоа како главен фаворит се смета Пари Сент Жермен, кој е спремен да ги задоволи финансиските барања на Раиола. „Светците“ го имаат Навас, кој пак е на залез на кариера и во Донарума гледаат долгорочно решение на голманската позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…