Левиот бек на Милан, Тео Хернандес е голема желба на раководството на ПСЖ, пренесуваат италијанските медиуми.
„Светците“ планираат да испратат понуда за 25-годишниот дефанзивец, кој игра одлично во Милан и се промовираше во еден од најдобрите леви бекови во Европа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
ПСЖ сака да ја засили таа позиција и е спремен да понуди 60 милиони евра плус бонуси за Французинот.
Сепак, италијанските медиуми тврдат дека Милан не сака да се откаже од својата ѕвезда и е спремен да ја одбие понудата.
Хернандес неодамна го продолжи договорот со „росонерите“ и беше промовиран во заменик капитен на тимот.