ПСЖ е силно заинтересиран за плејмејкерот на Милан и бразилски репрезентативец, Лукас Пакета, пренесуваат италијанските медиуми.
Бразилецот дојде во јануари од Фламенго и за кратко време ги освои срцата на „росонерите“, но не е константен. Тука беа проблемите и со повредата, а оваа сезона одигра само пет натпревари во Серија А и собра нешто повеќе од двеста минути, притоа забележа една асистенција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Леонардо одлично ги познава неговите квалитети и сака да го доведе во Париз, па веќе спремил понуда од 40 милиони евра.
Меѓутоа, Милан потврди дека нема намера во јануари да продава ниту еден фудбалер, па евентуалниот трансфер е можен наредното лето.