Дома Топ вести ПСЖ спрема реконструкција – Кутињо е првата мета!

ПСЖ спрема реконструкција – Кутињо е првата мета!

Иако е почеток на март во Пари Сент Жермен веќе можат да почнат со планирањето на наредната сезона.

Тимот е убедливо прв на табелата со 17 бода предност пред второпласираниот Лил, додека во Лигата на шампиони беше елиминиран во осминафиналето.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Затоа француските медиуми веќе шпекулираат со имињата кои го напуштат клубот на лето. Според „Екип“ со сигурност ќе бидат продадени Хесе Родригез (кој е на позајмица во Бетис), Томас Муние и Кристофер Нкуку. Од клубот очекуваат во најдобар случај од овите тројца фудбалери да инкасираат 70 милиони евра.

„Паризиен“ пак тврди дека Едисон Кавани и Анхел ди Марија исто така можат да го напуштат „Паркот на принцовите“. Тие не се на трансферната листа, но клубот е спремен да ги продаде доколку пристинат примамливи понуди.

Иднината на Дани Алвеш исто така не е сигурна. Договорот му истекува на крајот на сезоната, а од ПСЖ немаат намера да му понудат продолжување на соработката.

Во Париз се исклучително незадоволни од раната елиминација во Лигата на шампиони, па се спремни на лето повторно да донесат големи засилувања во тимот.

Шпанските медиуми тврдат дека прва мета на ПСЖ во летниот преоден рок ќе биде Кутињо. Бразилецот оваа сезона го загуби местото во првиот тим на Барселона и очигледно е дека не се снајде баш најдобро на „Камп Ноу“.

Каталонците се спремни да се разделат со него доколку пристигне понуда од 150 милиони евра, а ПСЖ е спремен да ја плати таа сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Тоа што и се случи на Србија не се случило на никоја друга репрезентација на ЕП

Репрезентацијата на Србија вчера беше елиминирана од Европското првенство откако со ремито…