Пари Сент Жермен е силно заинтересиран за левиот бек на Милан, Тео Хернандес, пренесуваат италијанските медиуми.
Францунот игра фантастично и се етаблираше во еден од најдобрите леви бекови во Европа, па го привлече вниманието на многу клубови.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Тео има договор со „росонерите“ до 2026 годин, а Милан веќе му понуди нов договор, но преговорите не одат глатко.
Ситуацијата будно ја следат од ПСЖ, наскоро ќе стапат во контакт со неговиот агент и спремаат богата понуда.
Коментари