Дома Трансфер зона ПСЖ се плаши дека нема да може да се ослободи од Нејмар

ПСЖ се плаши дека нема да може да се ослободи од Нејмар

ПСЖ на лето ќе прави реконструкција на тимот и сака да се ослободи од една од најголемите ѕвезди, Нејмар.

Нејмар во секоја сезона го нема баш во најважниот период од сезоната и никогаш не ги оправда во целост очекувањата во Париз. Тој е најскап фудбалер на сите времиња и во ПСЖ пристигна за 222 милиони евра, па очекувањата беа многу поголеми.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Тој заработува 35 милиони евра по сезона, а ПСЖ сака да се ослободи од него на крајот на сезоната.

Токму неговата плата може да биде најголем проблем во неговото заминување, ниту еден друг клуб од Европа нема да му ја овозможи истата.

Нејмар има долг договор со „светците“ и не сака да замине, а „Паризиен“ тврди дека во ПСЖ се загрижени дека нема да можат да се ослободат од него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…