Дома Трансфер зона ПСЖ се обидел да „украде“ играч на Интер, но Конте одиграл клучна улога

ПСЖ се обидел да „украде“ играч на Интер, но Конте одиграл клучна улога

Со Антонио Конте не само играта изгледа се поправија и работите во соблекувалната на Интер.

Едно од освежувањата на сезоната е талентираниот Себастијанo Еспосито, момчето кое со само 17 години доби прилика да се покаже во Лигата на шампионите. Се очекува наскоро да добива повеќе шанса и во Серија А.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Газета дело Спорт“ пишува дека многу лесно можело да се случи Еспосито да премине во Пари Сен Жермен.

Во текот на летото ПСЖ правел напори да го доведе Еспосито, но Конте после седнувањето на клупата брзо реагирал и порачал дека ќе смета на него.

Тогаш веднаш Еспосито добиваше шанса во припремните натпревари на Интер.

Во Лигата на шампионите доби прилика на последниот натпревар против Борусија Дортмунд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…