Дома Фудбал Останато ПСЖ поразен после седум месеци – Еве што имаа да кажат ѕвездите од Париз

ПСЖ поразен после седум месеци – Еве што имаа да кажат ѕвездите од Париз

ПСЖ во саботата изненадувачки беше поразен после седум месеци во француското првенство, подобар од клубот од Париз беше тимот на Стразбур со 2:1.

„Страшно сме разочарани. Заслуживме да победиме, но тоа е фудбалот. Тешко е да се пбедува цело време. Создадовме многу прилики, доминиравме, но тие постигнаа два гола од единствени две шанси“, изјави тренерот Унаи Емери.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Бекот Дани Алвеш додаде.

„А што да се каже…Тежок ден, нема што да се објаснува. Не успеавме да постигнеме повеќе погодоци и затоа бевме казнети. Тоа се случува, едноставно некогаш мораме да бидеме подобри“, истакна Алвеш.

Прилично остар беше Хавиер Пасторе.

„Не дадовме максимум. Се трудевме, но не успеававме да постигнеме втор гол. Тие беа добри и одбраната им беше добра и ги искористија двете шанси кои ги имаат“, изјави Пасторе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

УЕФА бара зголемување на наградниот фонд за Светското првенство

УЕФА бара од ФИФА да го зголеми наградниот фонд и да пружи поголема поддршка со трошоците …