ПСЖ вчера на социјалните мрежи објави дека младиот играч на оваа екипа Стенли Нсоки ја продолжил соработката со првакот на Франција.
Нсоки ги помина младинските категории на францускиот клуб, а за првиот тим на Парижаните дебитираше во минатата сезона во која запиша три настапи. Овој 19 годишен дефанзивец вчера официјално потпиша нов договор со ПСЖ до летото 2021. година.