Дома Топ вести ПСЖ одбил „смешна“ понуда од Барселона за Нејмар

ПСЖ одбил „смешна“ понуда од Барселона за Нејмар

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, призна дека ова лето водел преговори со Нејмар.

Лапорта призна дека погрешно го интерпретирале Финансискиот фер-плеј и сметале дека ќе бидат во можност да го вратат Нејмар, пред Меси да замине од „Камп Ноу“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сега француските медиуми открија детали и пренесоа дека Барселона понудила 80 милиони евра за потписот на Нејмар, на што ПСЖ само се насмеал.

Логично дека „светците“ воопшто не ја разгледале таа понуда бидејќи пред четири години за Нејмар платија 222 милиони евра, притоа Бразилецот неодамна го продолжи договорот.

Потоа Барселона поради финансиски проблеми мораше да го загуби и Меси, кој се пресели токму во ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…