Раководството на ПСЖ започна активно да бара нов спортски директор и примарна цел е Луис Кампос, пренесува „АС“.
Португалецот во моментов работи како спортски директор во Лил, кој оваа сезона ја освои титулата во Лига 1. Француските медиуми тврдат дека силен интерес за него покажува и Реал Мадрид, кој веќе стапил во контакт.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Кампос беше спортски директор во Монако во 2017 година кога тимот од Кнежевството стана шампион и тој ја откри сегашната голема ѕвезда Килијан Мбапе.
Кампос имаа многу блиски односи со Мбапе, а тоа е причина плус Реал и ПСЖ да сакаат да го доведат во своите редови.
Притоа, Кампос важи за одличен познавач на фудбалот и за откривање на нови таленти.