Дома Фудбал Останато ПСЖ е шампион на Франција!

ПСЖ е шампион на Франција!

ПСЖ е ново-стар шампион на Франција!

Раководството на Лига 1 одлучи на ПСЖ да му ја додели титулата шампион откако сезоната беше прекината поради пандемијата од коронавирусот и тимот од Париз ќе се води за шампион во сезоната 2019/2020.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


„Л’Екип“ објави дека е донесена одлука табелата да се смета онака каква што остана после 28 одиграни кола, па така ПСЖ е новиот шампион, зад клубот од Париз се Марсеј и Рен кој би требало да играат во Лигата на шампионите.

Пласман во Лигата на Европа изборија, Лил, Ремис и Ница, а од лигата ќе испаднат Амиен и Тулуз.

Сега се чека официјалната потврда, меѓутоа со оглед на тоа дека веста ја пренесуваат скоро сите поголеми француски медиуми промена не би требало да има.

Ќе потсетиме, владата во Франција одлучи да го суспендира фудбалот до септември и затоа првенството мораше да се прекине.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер ја исполнува желбата на Аморим и тоа ќе го чини 80 милиони евра

Манчестер јунајтед заврши работа за која се зборува од почетокот на летото и договори уште…