Пари Сент Жермен ова лето го шокираше фудбалскиот свет и ги сруши сите трансфер рекорди, но богатите сопственици не планираат да застанат тука.
ПСЖ ова лето ги доведе Нејамр и Мбапе за неверојатни 400 милиони евра, а за Бразилецот го срушија светскиот рекорд и искешираа 222 милиони евра.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Јасно е дека „светците“ нема да застанат и наредното лето, па француските медиуми тврдат дека раководството веќе спремило голема сума за доведување на голман од светска класа.
Изборот паднал на двајца чувари на мрежата, Јан Облак од Атлетико Мадрид и Џанлуиџи Донарума од Милан.
Словенецот веќе неколку години е меѓу најдобрите голмани во Европа, а ПСЖ за него ќе мора да плати 100 милиони евра колку што изнесува неговата откупна клаузула во договорот со Атлетико.
Џанлуиџи Донарума е помлад, но и поефитна опција бидеќи во неговиот договор со Милан има откупна клаузула од 80 милиони евра.