Дома Фудбал Останато ПСЖ донесе одлука за Рабио: Не одиш во Катар? – Нема плата!

ПСЖ донесе одлука за Рабио: Не одиш во Катар? – Нема плата!

Aдриен Рабио не сака да го продолжи договорот со Пари Сен Жермен, но се уште не го завршил трансферот во Барселона.

Тој најверојатно ќе го напушти ПСЖ како слободен играч наредното лето и во овој момент е надвор од натпреварувачкиот тим, а ќе му биде и прекината платата поради неисполнување на професионалните обврски.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Во слична ситуација беше Бен Арфа кој седеше дома и тренираше со резервите за на крајот да замине како слободен играч.
Рабио ќе мора да издржи уште три месеци до крајот на сезоната, а казна ќе добие зошто не отпатува во Катар со екипата, иако беше обврзан да направи такво нешто.

Тој се надеваше дека уште во зимскиот преоден рок може да ја промени средината, па освен со Барселона преговараше со Тотенхем и Ливерпул.
Барселона се откажа и јасно му стави до знаење дека нивната понуда е за на лето. Тие бараа место неговата мајка да ангажира вистински менаџер, а тоа и го направи (тука)

Сега од него ќе се бара да се откаже од преголемата плата која ја бараше неговата мајка.

Јасно е дека единствено Рабио сака во Барселона, а местото како што изгледа во овој момент ќе му го отстапи хрватскиот играч од средината Иван Ракитиќ кој е пред трансфер во редовите на италијански Интер.

https://www.youtube.com/watch?v=Vq_1x1qo950&t=38s

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …