До денес делуваше како невозможно, но после оваа понуда сите ќе го стават прстот на чело. И газдите на ПСЖ и Килијан Мбапе.
Саудискиот клуб, Ал Хилал, каде што замина Сергеј Милинковиќ-Савиќ, а на прагот е и Александар Митровиќ, започна во офанзива и за потпис на еден од најбогатите фудбалерите на денешницата, Килијан Мбапе.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што пренесува новинарот Фабрицио Романо, тој клуб на ПСЖ им понудил нереални 300.000.000 евра за играч на кој договорот му истекува следното лето.
Доколку трансферот навистина биде реализиран, тоа ќе биде нов рекорд. Моменталниот рекорд го има Нејмар кога за 222.000.000 евра направи трансфер од Барселона во ПСЖ пред шест години.
Засега клубот од Саудиска Арабија не преговараше со Мбапе околу личните услови, но во Париз се сигурни дека ова може да влијае на договорот со Реал Мадрид.
Од фудбалски аспект, и понатаму Реал Мадрид е логична наредна дестинација за овој играч, но само замислете колку ќе му понудат плата, кога се спремни да платат 300 милиони за обештетување.
Останува да видиме што ќе се случи, но ако и Мбапе направи трансфер на Блискиот исток, повеќе во Европа нема да биде исто.
EXCL: Al Hilal have submitted formal bid to Paris Saint-Germain in order to open talks for Kylian Mbappé. 🚨🔵🇸🇦
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 24, 2023
Understand it’s worth €300m — record fee.
No talks on player side.
⚪️ PSG remain convinced that Mbappé already agreed terms with Real Madrid with contract ready. pic.twitter.com/yeDu5AQr6E