Дома Топ вести ПСЖ го „краде“ Лаутаро пред носот на Барселона

ПСЖ го „краде“ Лаутаро пред носот на Барселона

Интер ова лето тешко дека ќе може да го задржи Лаутаро Мартинез бидејќи за него силен интерес покажуваат Барселона и ПСЖ.

Аргентинецот буквално „експлодира“ оваа сезона, па се почесто се шпекулира дека на лето ќе се пресели во Барселона.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Лаутаро е прва трансфер цел на Каталонците, а и самиот фудбалер не крие дека еден ден сака да заигра со Меси на „Камп Ноу“.

Меѓутоа, Барса не е спремна да ја плати откупната клаузула од 111 милиони евра, па тоа може да го искористи Пари Сент Жермен.

Спортскиот директор на „светците“ сака да го донесе Лаутаро во Париз како замена за Кавани и е спремен да ја плати откупната клаузула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…