Дома Трансфер зона ПСЖ ги расипува плановите на Реал и Јувентус – го сака Погба

ПСЖ ги расипува плановите на Реал и Јувентус – го сака Погба

Пол Погба најверојатно ја игра последната сезона во Манчестер Јунајтед и силно се шпекулира со неговата иднина.

Реал Мадрид и Јувентус важеа како фаворити за неговиот потпис, но сега во трката се приклучи и Пари Сент Жермен.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Француските медиуми пренесуваат дека „светците“ нема да жалаат пари за да го донесат Французинот во Париз и веќе стапиле во контакт со неговиот агент Мино Раиола.

Манчестер Јунајтед за слободата на Погба бара 100 милиони фунти, сума која ПСЖ е спремен веднаш да ја плати.

Поради тоа според последните извештаи од медиумите, ПСЖ се претвора во фаворит за потписот на големата француска ѕвезда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…