Најслабото место во тимот на Пари Сент Жермен е голманската позиција, па врвен приоритет на раководството ќе биде доведување голман од светска класа.
Јан Облак го продолжи договорот со Атлетико, Донарума не е на продажба, на „светците“ се свртеа кон еден од најдобрите голмани на светот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, на „Паркот на принцовите“ на лето би можел да пристигне голманот на Челзи, Тибо Куртоа. Белгиецот влегува во последна година од договорот и се уште не ставил потпис на продолжување на соработката со „сините“.
ПСЖ сака да ја искористи таквата ситуација и да го донесе Куртоа во Париз, па веќе стапил во контакт со неговиот агент.
Парижаните се спремни да му понудат на Куртоа многу повеќе од 200.000 фунти неделно, колку што му нуди Челзи.
Сега „сините“ ќе треба да ја израмнат понудата на „светците“ или ќе мораат да го продадат Белгиецот.