Ширум Каталонија на голема траат протестите поради пресудата за затворски казни на судот во Мадрид за организаторите на референдумот.
Во Барселона веќе со денови има големи протсети и поради тоа изгледа ќе биде одложен натпреварот помеѓу Барселона и Реал Мадрид кој е закажан за 26-ти октомври.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Натпреварот се очекува да биде поместен за 18-ти декември, а интересно е што поради протестите на утрешното гостување кај Еибар фудбалерите на Барселона ќе одат со автомобил.
Осман Дембеле и Жерар Пике ги поддржуваат протестите и одбиле да тренираат. Наводно двајцата ќе го пропуштат денешниот тренинг кој е последен пред гостувањето во Еибар.
Останува да се види како ќе реагира Барселона, а каталонскиот народ сигурно ќе го поздрави нивниот гест.