Дома Топ вести Пропадна трансферот во ПСЖ! Каде ќе заврши Обамејанг?

Пропадна трансферот во ПСЖ! Каде ќе заврши Обамејанг?

Дортмунд остана без 70 милиони евра…

Се пропадна – ништо од Обамејанг во ПСЖ! Трансферот кој во еден момент изгледаше дека речиси е завршен, нема да се оствари.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Како што пишува германскиот „Bild“, точно е дека Обамејанг со својот татко и брат престојуваше изминативе денови во Франција, но на крајот се се сведе само на одмор. Весникот наведува дека нема никакви дилеми и дека напаѓачот од Габон сигурно нема да го засили ПСЖ ова лето. Според изворите на овој весник одлуката за суспендирање на трансферот на Обамејанг ја донел лично тренерот на ПСЖ, Унаи Емери, кој на газдите им соопштил дека му е потребен класичен напаѓач.

Потсетуваме, последниве неколку денови се пишуваше дека Дортмунд и ПСЖ постигнале договор, што веројатно било точно, и дека крилниот напаѓач ќе се пресели во Париз за 70 милиони евра, односно примањата во неговиот нов клуб ќе бидат двојно зголемени, и ќе изнесуваат 14 милиони на годишно ниво. Bild по неуспешниот договор елаборира можни последователни сценарија.

Еден од нив е дека Дортмунд сега ќе се фокусира на кинескиот пазар и ќе се обиде да ги обнови контактите со Тијанџин Ж, за кого овие 70 милиони евра не би биле никаков проблем, а играчот секако би можел да биде задоволен со плата од 40 милиони, колку што беше споменато дека ќе добие во случај на траснфер во Кина. Останува секако прашањето дали Обамејанг ќе сака да ја напушти Европа…

Другото сценарио најмногу би го израдувало новиот тренер на Борусија, Питер Бош, односно останување на „Вестфален“ до зима, додека третото е најмалку веројатно, а се работи за повторно судир во трката со Кинезите од Милан.

Во секој случај, пред најдобриот стрелец на Бундеслигата се големи одлуки во следниов период…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …