Дома Трансфер зона Пропадна и последниот обид на Милан: Кеси си заминува на крајот од сезоната

Пропадна и последниот обид на Милан: Кеси си заминува на крајот од сезоната

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Франк Кеси и дефинитивно си заминува од Милан на крајот од сезоната.

Познатиот италијански новинар, Николо Шира објави дека пропаднал и последниот обид на раководството на Милан да пронајде договор со играчот за врска. Кеси донел конечна одлука да не го прифати договорот и ќе си замине во јуни по истекот на актуелнјиот договор.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Милан се обидуваше да го убеди Кеси, постоеше таква опција, но сега е извесно дека Кеси како слободен играч ќе побара нов клуб.

Интерес за Кеси и тоа како има, неговото име се поврзуваше со повеќе европски гиганти, а се споменуваа и ривалите на „росонерите“ од Серија А, Интер и Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…