Дома Трансфер зона Пропаднал трансферот на Балотели: Од клубот не се појавиле на договорениот состанок

Пропаднал трансферот на Балотели: Од клубот не се појавиле на договорениот состанок

Шампионот на Словенија Целје сака да донесе големо фудбалско име. Претседателот на словенечкиот клуб Валериј Колотило на крајот на април изјави дека ќе се обиде да го привлече Лука Модриќ (38), чиј договор со Реал истекува, но „операцијата“ за Хрватот е невозможна мисија, па се појави опција да се доведе Италијанецот, Марио Балотели.

Меѓутоа на крајот изгледа нема да има ништо и од трансферот на Балотели. Според последните информации кога преговорите стигнале веќе во втората фаза од Целје, едноставно не се појавиле на договорениот состанок. За тоа немало никаква посебна причина, туку тие се премислиле и одлучиле дека не им е потребен контроверзниот напаѓач.


Време е за фудбалска класика: Шпанија - Италија! ↓↓↓


Да потсетиме, тренер на Целја е хрватскиот стручњак Дамир Крзнар, а во тимот се Лука Менало, кој беше позајмен од Динамо, како и хрватското трио, голманот Матко Обрадовиќ и играчите од средниот ред Марио Квесиќ и Лука Бобичанец.

Балотели во кариерата играше за Манчестер Сити, Милан, Интер, Ливерпул…а во одредени моменти важеше и за еден од најдобрите во светот, но никогаш не го исполни својот потенцијал. Денес е играч на Адана Демирспор од Турција и неговата вредност на „Трансфермаркт“ се проценува на 875.000 евра.

Дресот на репрезентацијата на Италија, Балотели го носеше на 36 натпревари во кои постигна 14 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Алонсо во „пакет“ со Виртц доаѓа во Реал следното лето

Младиот фудбалер на Баер Леверкузен Флоријан Виртц е голема желба на Реал Мадрид, пишуваат…