Тимот на Арјан Адеми, Динамо Загреб предизвикува вистинска еуфорија во Хрватска.
После големиот успех во текот на летото и освоеното второ место на Мундијалот во Русија, радост на Хрватите на стартот на оваа сезона им носи Динамо Загреб,
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Динамо забележа две победи на стартот од групната фаза во Лигата на Европа и тоа во натпревари против силни противници (Фенебахче 4:1, Андерлехт 2:1). Покрај победите Динамо покажа и доминатна игра и се вистински хит во оваа земја.
„Можевме да постигнеме уште некој гол. Имавме одлични прилики, 17 удари на противничкиот гол не се мала работа. Покажавме дека сме вистински тим и сакаме да продолжиме. Им благодарам на навивачите на големата поддршка“, изјави Арјан Адеми кој е и капитен на Динамо.
Освен одличните настапи во Лигата на Европа, Динамо е лидер и во домашното првенство каде што се без пораз со учинок од шест победи и три нерешени средби.
Во Лигата на Европа во следното коло ги очекува натпревар против Спартак Трнава.
https://www.youtube.com/watch?v=3s_sAlqMxu8