Леброн Џејмс испиша историја во НБА лигата откако дебитираше во 2003 година и стигна до бројката од 40.474 коша. Негова голема желба беше да заигра во ист тим со неговиот син, а на крајот таа желба и му се исполни, но Брони засега не покаува квалитет.
Во припремниот натпревар против Бостон кој Лејкерс го загубија со 74:88, Брони одигра 25 минути и постигна два поени. Имаше уште три скока и една асистенција. Во три натпревари досега вкупно шутот му е 7/31 (23%), а ги промаши сите обиди за тројка, ги имаше 15.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Како игра Брони покажува и коментарот на Џејлен Браун.
„Мислам дека Брони не е професионалец“, искоментира во текот на натпреварот ѕвездата на Бостон додека го гледаше синот на Леброн во акција.
Посебно лошо изгледаа два негови обиди кога топката воопшто не стигнуваше до обрачот.
I genuinely feel sorry for Bronny.
— LakeShowYo (@LakeShowYo) July 16, 2024
this is BAD pic.twitter.com/nyMf9x82AW
Bronny James for three🔥 pic.twitter.com/vPcda8eLbz
— Hoops (@HoopMixOnly) July 16, 2024