Голем дел од фудбалерите кои доаѓаат од Бразил минувале низ тешко детство…
Таква е и приказната на Ричарслисон Де Андраде кој има 20 години и е првотимец во Вотфорд, од каде што пристигна во Фламиненсе. Негов добар пријател е ѕвездата на ПСЖ, Давид Луиз, а пред почетокот на сезоната никој не го знаеше неговото име.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Де Андраде за англиските медиуми зборуваше за страшните моменти во кои локален дилер му ставил пиштол на глава.
„Никогаш во животот не сум трчал толку брзо, а трчам целиот живот, бегам од сите, посебно од одбраните“.
Со криминалот никогаш не сакал да има ништо, иако растел на опасни улици во Бразил. Неговиот татко бил локален фудбалер кој никогаш не успеал добие професионален договор.
„Моите тренери секогаш ме учеа дека треба да се биде чесен. Иако на почетокот ми изгледаше како да не сум доволно добар да успеам, сепак продолжив да тренирам“, објаснува Де Андраде.
Неговиот прв договор го потпишал со Атлетико Минеиро кога и ги купил првите копачки.
„До тој момент позајмував од двајца другари со кои носевме ист број“, зборуваше Де Андраде за еден од своите најсреќни моменти во животот.
Претходно додека бил испраќан на различни проби, тој морал и да работи и се издржувал себе си со продавање на сладолед во местото во кое живеел.