Aрсен Венгер иако не е познато по таквите изјави, сега изгледа дека испрати мала провакција пред утрешниот натпревар во финалето од Карабо купот помеѓу, Манчестер Сити и Арсенал…
Манчестер Сити и Арсенал утре ќе водат борба за првиот трофеј во Англија. Во финалето од Карабо купот…
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Мислам дека Гвардиола него подигна квалитетот на Сити. Сепак Барселона и понатаму е најдобар клуб во светот. Не знам за колку од ова што го прави Сити е заслужен тој. Ние како тренери можеме да влијаеме на филозофијата на екипата, но на крајот сепак пресудува квалитетот на играчите. Во модерниот фудбал, повеќе од претходно. Денес се е во рацете на најдобрите фудбалери кои можат да си ги дозволат само мал број клубови“, зборуваше Венгер.
Венгер фаворитската улога со задоволство му ја препушти на Манчестер Сити.
„Мораме да влеземе во натпреварот со ладни глави. Тие се фаворити за трофејот. Во Премиер лигата покажаа колку се подобри од останатите“, изјави Французинот.