Maкедонската фудбалска репрезентација ја очекуваат пријателските натпревари со Хрватска и Чешка, а во овие два дуели ќе бидеме ослабени и без услугите на Енис Барди.
Фудбалерот од средниот ред се повреди во вчерашниот натпревар за Трабзонспор и најверојатно селекторот Благоја Милевски нема да може да смета на него.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Барди ќе допатува на собирот на националниот тим во текот на утрешниот ден каде што дополнително ќе биде утврдено дали ќе може да настапи.
Македонија против Хрватска игра на 3-ти јуни додека седум дена подоцна не чека натпреварот против Чешка.