Дома Фудбал Италија Проблем за Интер: Лаутаро ќе мора да паузира

Проблем за Интер: Лаутаро ќе мора да паузира

Еден од најважните фудбалери на Интер, Лаутаро Мартинез ќе мора да паузира откако се повредил на натпреварот од Купот на Италија против Болоња.

Лаутаро против Болоња освен што се повреди и промаши пенал во регуларниот дел, а Интер беше елиминиран по продолженија.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Утрово на Аргентинецот му биле направени тестови кои покажале дека Лаутаро се здобил со истегнување на мускулот на адукторот. Неговата состојба поточно ќе биде проценета во следните денови кога ќе биде потврдено колку ќе паузира.

Како и да е извесно е дека Лаутаро нема да игра утре против Лече, но и на гостувањето кај Џенова на 29-ти декември. Очекувањата се дека би требало да се врати во натпреварите на почетокот на новата година. Интер на 6-ти јануари го очекува натпревар против Верона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тажна октомвриска ноќ што Ибрахимовиќ никогаш нема да ја заборави (Фото)

Златан Ибрахимовиќ без никакво сомнение е еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња, а н…