Според пишувањата на шпански „АС“ ниту еден клуб не покажал интерес да го доведе Фелипе Кутињо па Бразилецот од таа причина би можел да остане на „Камп Ноу“.
Кутињо е најското засилување во историјата на Барселона, но не може да се каже дека ги оправда вложените финасии во него. Роналд Куман одлучи да му даде шанса да ја врати кариерата на вистинските патеки, но следуваше повреда.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Многу се пишуваше дека ќе замени, меѓутоа сега „АС“ пренесува дека големи се шансите Кутињо да остане.
До овој момент Барселона не добила ниту една понуда за неговите услуги ниту за откуп на договорот, ниту за позајмица. Останува да видиме како ќе биде во понатамошниот дел од трансфер периодот.