Баерн Минхен лесно ја заврши работата во Купот на гостувањето кај Пројзен Минстер, но во овој натпревар се повреди Серж Гнабри.
Гнабри ќе отсуствува од терените неколку недели откако се здобил со скршеница на левата рака.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Повредата Гнабри ја заработи со сударот со Јоханес Шченек, голманот на Минстер.
„Серж ќе мора да оди на операција и ќе отсуствува неколку недели“, потврди тренерот на Баерн, Томас Тухел.
Ова значи дека Гнабри нема да може да му помогне на Баерн во натпреварите од Бундеслигата и во Лигата на шампионите, но нема да биде на располагање ниту на селекторот на Германија, Нагелсман за октомврскиот циклус во кој Германците ќе играат пријателски натпревари со САД и Мексико.