Дома Фудбал Проблем за Анчелоти: Реал најмалку еден месец без Винисиус?

Проблем за Анчелоти: Реал најмалку еден месец без Винисиус?

Реал Мадрид ја победи Селта Виго но во овој натпревар се повреди еден од најважните фудбалери во тимот на Карло Анчелоти, Винисиус Жуниор.

Бразлиецот во првото полувреме заработи незгодна повреда на мускулот и мораше да биде заменет.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Анчелоти по натпреварот најави дека би требало голгетерот целосно да се рехабилитира за време на репрезентативната пауза, меѓутоа последните информации не се така охрабрувачки.

Деталните прегледи покажале дека Винисиус се здобил со кинење на мускулни влакна и тоа е повреда која знае да биде незгодна, па можеби е ќе му биде потребен подолг период на рехабилитација.

Во текот на денот се очекува Реал да излезе и со официјални информации. Следниот викенд Реал го чека натпревар против Гетафе, а по репрезентативната пауза ќе се соочи со Реал Сосидад во првото коло од Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Конечно го напушта Челси: Рахим Стерлинг се сели во лондонски ривал!?

Рахим Стерлинг наскоро би можел да стане нов член на Фулам. Англиските медиуми открија ден…