Дома Фудбал Италија Проблем за Алегри: Нема каде да го смести Дибала!?

Проблем за Алегри: Нема каде да го смести Дибала!?

dybala ronaldo

Не е дека многмуна стручњаци во Италија не предупредуваа пред стартот на сезона, иако Алегри се обидува да го минимизира проблемот…

Паоло Дибала тешко ќе се избори за место во стартниот тим на Јувентус. Започна против Киево, не покажа ништо и веднаш беше преселен на клупата, јасно Марио Манџукиќ покажа многу повеќе.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Роналдо е на едната страна, на другата се борат Бернардески и Даглас Коста, Италијанецот засега има предност.

Основен проблем е што Дибала не се вклопува во формацијата 4-3-3 која ја форсира Алегри, бидејќи негово место не е на страничните позиции, а конкуренцијата и онака е пеколна.

Покрај тоа италијанскиот стратег не се откажува од триото Пјаниќ – Матуиди – Кедира, иако многумина сметаат дека Емре Чан би требало да добие предност пред сонародникот.

Денес Јувентус игра против Парма, а Алегри наводно има дилема кога во прашање е десниот бек. Таму досега го гледавме Кансело кој може да се каже дека одигра солидно, но италијанските медиуми пишуваат дека денес на оваа позиција би можеле да го видиме и Квардадо што би значело тотална офанзива на „старата дама“.

Јувентус е апсолутен фаворит, Алегри се обиде некако да го вклопи Дибала во формација 4-2-3-1 како полушпиц зад Манџукиќ, но изгледа сега пред репрезентативната пауза не сака да експериментира.

Запрашан за неубедливата игра во првите натпревари во кои Јувентус сепак освојуваше три бода, Алегри одговори:

„Не сфаќам зошто ме прашувате со години. Што значи тоа „убава игра“, убаво е кога ќе се победи“, заврши на крајот Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…