Дома Фудбал Италија Проблем во Серија А: Лацио не знае со каков тим ќе игра против Торино

Проблем во Серија А: Лацио не знае со каков тим ќе игра против Торино

Лацио се наоѓа во голем проблем со ковид-19. Тимот од Рим играше ослабен во мечот против Клуб Бриж во рамки на второто коло од Лигата на шампиони. Поради позитивни тестови не патуваа Чиро Имобиле, Луис Алберто, Леива и Андерсон.

Клубот од Рим имаше ново тестирање на ковид-19 во петокот, а резултатите покажаа дека има уште заразени фудбалери. За тоа беше известена јавноста, но не е откриен идентитетот на позитивните.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Некои членови на нашиот тим беа позитивни, по вчерашното редовно тестирање. Екипата денеска ќе го повтори тестирањето за да знаеме точно на кого може да сметаме за утрешниот натпревар. цел тим во моментов е во карантин“, соопштија од Лацио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Во судирот меѓу аргентински и чилеански навивачи 19 повредени 3 мртви

Невидено насилство го одбележа натпреварот во Буенос Аирес помеѓу Индепендиенте и Универси…