Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос се повреди на денешниот трнинг и ќе отсуствува од терените најмалку две недели, пренесуваат шпанските медиуми.
Клубот денеска официјално потврди дека Серхио Рамос има повреда на препоните, но не наведе колку точно ќе трае рехабилитацијата.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
33-годишниот капитен е втор по бројот на минути поминати на теренот оваа сезона, повеќе од него играше само Карим Бензема.
Според најавите на шпанските медиуми дефанзивецот ќе ги пропушти натпреварите против Леганес, Атлетик Билбао и Гетафе, а се очекува да се врати против Рајо Валекано.