Дома Фудбал Проблеми за „кралевите“, „Златното момче“ мора на пауза!

Проблеми за „кралевите“, „Златното момче“ мора на пауза!

Зинедин Зидан се соочува со нови проблеми.

Офанзивецот на Реал Мадрид, Марко Асенсио, ќе мора на кратка пауза поради повреда на мускулот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Од Мадрид денес пристигнуваат информации дека Асенсио ќе мора да ги прескокне натпреварите против Малага и Атлетик Билбао во Примера и дека не е во прашање сериозна повреда.

Добра вест е дека Герет Бејл започна да тренира со екипата, но и дека прашање е кога ќе биде спремен да биде во натпреварувачки ритам.

Реал Мадрид зад Барселона заостанува 10 бодови, а во сабота од 16:15 ја пречејува Малага, додека Барселона во недела гостува на Местаља против вторпласираната Валенсија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Mилан го реши голманското прашање до 2031 година!

Милан денеска соопшти дека капитенот на тимот и голман Мајк Мењан го потпиша новиот догово…