Дома Фудбал Англија Проблеми за Венгер – Двајца сигурно нема да настапат, под знак прашалник и летното засилување

Проблеми за Венгер – Двајца сигурно нема да настапат, под знак прашалник и летното засилување

Арсенал ќе биде ослабен во наредниот натпревар против Њукасл кој овој викенд ќе го одиграат во Премиер лигата.

Како што потврдуваат последните информации Арон Рамзи нема да му биде на располагање на стратегот на „топџиите“, а тој ќе биде надвор од терените три недели.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Венгер во последно време има проблеми со повредените фудбалери. Шкодран Мустафи започна да тренира, но Венгер истакна дека е преголем ризик тој да настапи во наредниот натпревар.

Проблем со препоните имаше и Александар Лаказет, поради што го пропушти последниот натпревар против Вест Хем и неговиот настап е исто така ставен под знак прашалник.

Арсенал веќе три кола во низа е без победа во Премиер лигата и поради тоа падна на седмото место со 30 бодови, 19 бодови помалку од лидерот Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ФИФА подготви нова револуција – саудијците едвај ја чекаа!

Врвната организација на светскиот фудбал (FIFA) подготви нова револуција, а тоа е проширув…