Клубовите во Шпанија од вчера имаат дозвола за тренирање во групи, па веќе започнаа интензивно да се спремаат за продолжување на сезоната.
Рестартот на сезоната во Шпанија се очекува на 12-ти јуни, а покрај клубовите од Примера со тренинзи започнаа и тимовите од понизок ранг.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Поради пандемијата многу клубови имаа финансиски загуби па мораа да го намалат платите на фудбалерите, а некои клубови во Шпанија ги намалија и до 70%.
Имено, играчите на Рајо Валекано требаше веќе да започнат со тренинзи, но одбиваат се додека не им се вратат нормалните плати.
Минатата недела истото го направија и фудбалерите на Елче, па сега ќе мора да реагираат челниците на овие клубови.