Новата финансиска реалност во шпанскиот фудбал ја натера Ла Лига драстично да ги намали платите кај елитните клубови.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ова најсилно ќе го почуствуваат Барселона и Реал Мадрид. Каталонскиот клуб треба да ги намали платите за точно 273.71 милиони евра. Горната граница за плати на „Камп Ноу“ до сега беше 656,3 милиони евра, а сега таа се намалува на 382,7 милиони евра.
Во Реал Мадрид треба да ги намалат платите за 172,5 милиони евра и горната граница за плати треба да изнесува 468,5 милиони евра.
Оваа одлука ќе влезе на сила во февруари 2021 година и до тогаш сите клубови треба да најдат решение.
Максималниот буџет за плати во Атлетико Мадрид се намалува за 95,7 милиони евра. Четвртиот клуб кој најдрастично треба да ги намали платите е Валенсија со 73,3 милиони евра.
Сите клубови во Примера во моментов даваат 2,9 милијарди евра за плати, а сега намалувањето вкупно ќе биде за нешто повеќе од 600 милиони евра.