Поминаа неколку недели откако Јери Мина беше вистинска сензација на Мундијалот во дресот на Колумбија со постигнати три погодоци, сега стоперот е повторно актуелен.
Според информациите на „Радио Монте Карло“ француски Лион испратил понуда на адреса на Барселона вредна 30 милиони евра.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Не е тајна дека Жан-Мишел Ола бара нов командант во одбраната. На Лион е му е потребен стопер кој ќе командува со последната линија, а првиот човек на клубот наводно им открил на медиумите дека еден од двајцата кандидати успешно настапувал на последниот Мундијал во Русија. Токму таму Мина се прослави, како што споменавме постигна три гола за Колумбија и иако е стопер беше најдобар стрелец на оваа репрезентација.
Кога во прашање е Барселона, тие многу веројатно нема да прават никакви проблеми со оглед на тоа што Јина беше доведен пред само шест месеци од Палмеирас за 12 милиони евра, а во дресот на Каталонците баш и не остави некој добар впечаток.