Младиот напаѓач на Милан, Партик Куртоне блесна на стартот од новата сезона во дресот на Милан и малку кој очекуваше дека пред толку скапи и големи засилувања, токму овој 19-годишен фудбалер ќе го насочни вниманието кон себе.
Еден од оние кои го приметија неговиот напредок е селекторот на младата репрезентација на Италија, Луиџи Ди Биаџио, кој новата ѕвезда на Милан ја повика во тимот и ја спореди со Белоти, за кој лудува половина Европа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Куртоне го знам уште од деновите на неговото детство, додека играше за У15 селекцијата. Тој е фантастичен напаѓач кој секогаш вредно тренираше и беше гладен за голови. Навистина за секој меч се подготвува како да му е последен“, започна со комплименти Биаџио и продолжи:
„Морам да признаат дека неговиот стил ме потсетува на Андреа Белоти. Ќе биде голем придонес за нашата селекција“.