Кристиано Роналдо е главна тема во медиумите откако побара да замине од Реал Мадрид. Додека се чекаат понудите од заинтересираните клубови, пристигна една која може да се окарактеризира како бизарна.
Роналдо е под обвинение на шпанските власти за затајување на данок поради што му се заканува и затворска казна, па одлучи да си замине од Реал.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Доколку Реал не пронајде начин да го задржи Португалецот, фудбалскиот свет ова лето ќе види рекорден трансфер. Сумите кои се спомнуваат за доведување на Роналдо се вртат околу 200 милиони евра.
ПСЖ и Манчестер Јунајтед се истакнуваат како главни фаворити за четирикратниот освојувач на „Златна топка“, но официјални понуди сеуште нема.
Hey @Cristiano, we're still looking for a striker-we don't have money, but we can offer you free Kölsch for life ???⚽️ #ronaldo #fortuna pic.twitter.com/SzlaDoMfvQ
— Fortuna Köln (@fortuna_koeln) June 16, 2017
Во исчекување на понуди кои ќе ги задоволат Реал и Роналдо пристигна една која спаѓа во редот на бизарни. Германскиот третологаш Фортуна Келн има „животна понуда“ која сигурно го запрепасти и насмеа Роналдо.
„Кристиано, ние и понатаму бараме напаѓач, немаме пари, но можеме да ти понудиме басплатно пиво Kölsch до крајот на животот“, му порачаа од Фортуна Келн.