Повеќе од десет години љубителите на фудбалот имаа прилика да гледаат дуел помеѓу Лионел Меси и Кристиано Роналдо, а според многумина овој двоец е најдобриот кој се појавил во светот на фудбалот.
Меси и Роналдо имаат освоено по пет „Златни топки“, а нивното ривалоство на индивидуално поле трае повеќе од 10 години. Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Питер Крауч ја изненади англиската јавност кога откри една приказна за Роналдо и тоа како тој се спремал за натпреварите додека играл во Манчестер Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Крауч откри дека Рио Фердинанд често пати му зборувал за тоа како Роналдо се однесува во соблекувалната. Според неговите зборови Роналдо пред натпреварите често сака да стои пред огледало и така работи на своето его.
„Рио Фердинанд ни откри приказна како Кристиано Роналдо стоел пред огледало и со рацете поминувал преку својата коса и си зборувал: Па, колку сум јас преубав. Останатите играчи се шегуваале на негова сметка и му дофрлувале: Како и да е, Меси и понатаму е подобар играч од тебе“, гласи изјавата на Крауч кој додава.
„Роналдо премногу не посветувал внимание на нивните дофрлувања и знаел да одговори. Секогаш кога некој ќе му кажел дека Меси е подобар од него тој само кратко одговорал „Ох, да. Но Меси не изгледа волку добро мене. Барем така ми кажуваше Фердинанд, а јас верувам дека сето тоа е вистина“, заврши Крауч.