Дома Фудбал Лига на шампиони Приказната за тетоважата на Симеоне: Ја направил кога имал само 13 години – сонот вчера му стана реалност!

Приказната за тетоважата на Симеоне: Ја направил кога имал само 13 години – сонот вчера му стана реалност!

Џовани Симеоне од Наполи вчера доби прилика да влезе во игра после повредата на Осимен против Ливерпул. Само три минути по влегувањето на теренот Симеоне ја затресе мрежата.

По голот синот на стратегот на Атлетико Мадрид Диего Симеоне, ја бакна тетоважата. Приказната за оваа тетоважа Симеоне ја раскажа уште додека играше за Каљари.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тетоважата ја направил кога имал само 13 години и тоа е логото на Лигата на шампионите.

„Верувам дека не треба да се тетовирате додека не наполните 18 години. Но, јас бев премногу голем фан на Лигата на шампионите. Татко ми се противеше, а мајка ми ме праша: Зошто? И одговорив: Кога ќе го дадам мојот прв гол во Лигата на шампионите ќе ја бакнам тетоважата“, откри тогаш Симеоне.

Неговиот сон на 13 години токму вчера стана реалност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…